Арапките го нарекуваат еликсир на младоста, а рецептот се пренесува од колено на колено
Езги Аслан е девојка чии совети за убавина ги следат повеќе од 200.000 луѓе на Инстаграм. Во една своја објава открила дека Арапките имаат затегната кожа и беспрекорен тен без брчки и во 50-тите години.
Наводно, тајната се крие во серум што можете да го приготвите дома, а чиј рецепт жените од Саудиска Арабија го пренесуваат од колено на колено. Како што открила Езги, таа проучувала истражувања и сведоштва на жени за овој серум, за да провери дали навистина ја затегнува кожата.
Првата состојка е масло од смола на темјан кое освен што ја затегнува кожата, ја намалува и видливоста на порите. Арапките го нарекуваат „фонтана на младоста“, бидејќи го стимулира и производството на колаген.
А втората состојка, ја поттикнува работата на маслото од смола на темјан. Станува збор за рицинусово масло. Тоа длабоко продира во кожата и ја хидрира, тврди Езги Аслан.
Поврзани објави
Како се прави овој потполно природен серум?
На секоја лажица рицинусово масло додавајте 10-15 капки масло од смола на темјан.
Единствениот проблем е што тешко се наоѓа масло од смола на темјан и важно е да се потенцира дека не станува збор за есенцијално масло.
ФОТО: Elyas Pasban / Unsplash, Инстаграм @mmelodyaslan