Почетна Економија Саливан во Саудиска Арабија разговараше со престолонаследникот Бин Салман за војната во Газа

Саливан во Саудиска Арабија разговараше со престолонаследникот Бин Салман за војната во Газа

од nenad
1 минути читај за

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, кој е во посета на Саудиска Арабија, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и за постигнување широк билатерален договор меѓу двете земји, јавија саудиските медиуми.

На состанокот одржан во саудискиот град Даран, се разговараше за текстот на „полуфиналната верзија на нацрт-стратешките договори меѓу двете земји“ кои се во фаза на финализирање.

Се наведува дека Бин Салман и високиот функционер на администрацијата на Бајден разговарале и за потребата да се најде „кредибилен патоказ до решение за две држави“ за Израел и Палестинците, начините за завршување на војната во Газа и олеснување на испораката на хуманитарна помош.

рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING