Почетна Убавина и здравје Сакате да ја зачувате романтиката во врската? Овие идеи дефинитивно ќе ви помогнат!

Сакате да ја зачувате романтиката во врската? Овие идеи дефинитивно ќе ви помогнат!

од nenad
2 минути читај за

На почетокот најголем дел од мажите и жените со задоволство ја одржуваат врската возбудлива, но со текот на времето тој ентузијазам згаснува, а со него згаснува и креативноста за романтични гестови.

За да имате романтична врска во која долго ќе уживате, не е потребно многу. Единствено треба да имате желба, затоа што малите работи можат да ја распламтат страста како никогаш досега. Еве неколку идеи со чијашто помош ќе ја зачувате романтиката и блискоста со партнерот:

Прославувајте ја вашата љубов секој месец

Не чекајте да дојде вашата годишнина за да наздравите за вашата љубов. Славете ја и секоја ваша „месечнина“. Секој месец на датата на којашто сте ја започнале врската вечерајте заедно на свеќи и наздравете со чаша вино. Нека биде тоа ваш мал ритуал кој нема да го прескокнувате.

Гответе заедно

Сакате да пробате нов рецепт? Викнете го партнерот на помош и заедно обидете се да приготвите нешто специјално. Не е важно дали ќе успеете да го направите оброкот, важно е да се забавувате.

Поврзани објави

Останете во темница

Изгаснете го телевизорот, компјутерот и сите светла, а запалете само неколку мали свеќи (колку за да можете да се ориентирате во просторот). Во темнината започнете разговор за вашата врска. Секој од вас нека ги каже работите кои му се допаѓаат кај другиот. Набрзо, разговорот може да стивне, а да се разгори вашата страст. Во темното ќе можете повеќе да се концентрирате на вашите сетила за допир и слух.

Создајте си романтична плеј-листа

Направете плеј-листа од сите песни кои нешто ви значат (песната што била во позадина кога прв пат сте се бакнале, кога прв пат сте имале секс…) и додајте песни кои ви будат силни емоции. Секој викенд додека вечерате пуштете ги тие песни. Кога некоја од нив ќе ви здодее, заменете ја со нова. Музиката буди спомени и го зголемува интензитетот на емоциите. Секогаш кога ќе ги слушате тие песни ќе посакате да сте во страсна прегратка.

Подарете неочекувано

Подароците дадени без повод се често и најинтересни затоа што секогаш го кријат елементот на изненадување. Купете му мал подарок на партнерот и дајте му го кога најмалку очекува. Бидете убедени дека ќе сака да ви се заблагодари на уште поромантичен начин.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING