Почетна Убавина и здравје Сакате да ги излажете луѓето за вашата возраст? Оваа храна ќе ви помогне во борбата со брчките!

Сакате да ги излажете луѓето за вашата возраст? Оваа храна ќе ви помогне во борбата со брчките!

од nenad
2 минути читај за

Фините линии на лицето го означуваат крајот на младоста и ниту една жена не посакува да ги има на себе. Во обидите да се преборат со времето, жените користат најразлични козметички продукти и се подложуваат на најразлични козметички процедури, кои најчесто даваат минимални резултати.

Еве која храна ќе ви помогне да ги излажете луѓето за својата возраст:

Овошја и зеленчуци богати со витамин Ц

Британски научници, набљудувајќи ги навиките за хранење на над 4000 средовечни жени, откриле дека редовната консумација на храна богата со витамин Ц го намалува ризикот од појава на брчки со 36%. Боровинките се одличен извор на витамин Ц и антиоксиданси и често се прогласувани за најдобри сојузници во борбата со знаците на старост. Затоа, вклучете боровинки или сок од портокал во појадокот, свежи црвени пиперки во ручекот и брокули во вашата вечера.

Маслиново масло

Маслиновото масло е богат извор на олеинска киселина. Таа е една од масните киселини кои ја прават кожата еластична. Маслиновото масло содржи и други есенцијални масни киселини коишто се борат против воспаленијата во телото, а витаминот Е и полифенолите кои се наоѓаат во него ја заштитуваат кожата од штетното дејство на слободните радикали.

Поврзани објави

Риба и омега-3 масни киселини

Лососот, скушата и другите мрсни риби се богати со омега-3 масни киселини кои прават чуда за вашата кожа. Истражувањата покажале дека редовната консумација на омега-3 масни киселини го намалува ризикот од стареење на кожата со 25%. Уште и оревите, маслото од канола и лененото семе се одличен извор на омега-3 масни киселини.

Домати

Доматите се одличен извор на витамин Ц, но и на супстанцијата ликопен, којашто претставува природен заштитник од рак. Ликопенот го намалува оштетувањето на клетките на кожата и го намалува црвенилото. За најдобро да го апсорбирате ликопенот од доматите, консумирајте ги доматите со маслиново масло.

Јаткасти плодови

Многу јаткасти плодови содржат омега-3 масни киселини. Најчесто овие масни киселини се наоѓаат во рибата, но јаткастите плодови се најдобар нивен растителен извор. Освен тоа, јаткастите плодови содржат и витамин Е, а докажано го намалуваат и нивото на „лош“ холестерол.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING