Мажите се визуелни суштества. Тие го избираат својот „плен“ според она што го гледаат, а потоа преминуваат кон запознавање на внатрешната убавина. Но, додека некои жени се фокусираат само на подобрување на својот надворешен изглед, жената магнет знае дека магијата на нејзината неодоливост е спој од надворешната и внатрешната убавина.
За да станете магнет за спротивниот пол, прво треба да ги отстраните сите бариери кои ве прават несигурни и незадоволни од себе, кои ве спречуваат да се забавувате и да уживате во она што сте. Еве како да ја истакнете својата најдобра верзија и да станете магнет за машкиот пол:
Однесувајте се како дама
Мажите сакаат жени кои се однесуваат како дами. Научете како да се движите елегантно, како да ги потиснете потезите кои ја откриваат вашата нервоза (тресење на ногата, допирање на лицето, гризење на усните, напнато играње со прамени од косата, тропкање на масата) и имајте добри манири. Жената магнет секогаш ја истакнува својата женственост, бидејќи знае дека токму тоа ги полудува мажите.
Излегувајте со идејата дека сте во потрага на забава, а не на партнер
Премногу сингл девојки излегуваат со помислата „Денес морам да си најдам момче“, а потоа дремат разочарано во очекување на вистинскиот. Зафатени со својата мисија тие пропуштаат да се забавуваат и имаат вкочанет изглед, а тоа воопшто не е привлечно за спротивниот пол. Кога излегувате, целта нека ви е да се забавувате. Насмевнете се. Насмевката е најмоќниот женски адут. Таа рефлектира пријателски расположена и топла личност, до која би посакал да биде секој маж.
Засакајте го вашето тело
Поврзани објави
Шармот и неодоливоста немаат ништо заедничко со формата на женското тело или со килограмите. Магијата на привлечноста е во самодовербата, во начинот на кој жената ужива во сопствената кожа, во женственото самоуверено држење на телото. Мажите нема да ги забележат двете „нови“ килца кои вие секој ден ги анализирате пред огледалото ако се чувствувате задоволни со нив.
Бидете ангажирани и активни
Вкочанетото стоење со „мртов“ поглед, зјапањето во екранот од мобилниот телефон, молчењето не се сигнали кои испраќаат порака дека уживате во вечерното излегување. Покажете дека сте забавна личност и дека околу вас постојано се случува нешто интересно, за оној што ве набљудува да посака да влезе во вашиот свет. Танцувајте, разговарајте со луѓето околу вас, смејте се… На тој начин ем вие ќе се чувствувате посреќни, ем ќе ја интензивирате вашата привлечност.
Не ги исмејувајте мааните на другите жени
Не го исмејувајте физичкиот изглед на другите жени, ниту пак нивната смисла за мода, особено кога сте во друштво на потенцијален кандидат за вашето срце. Лошите коментари за прекраткото здолниште на девојката од соседната маса и лошата шминка на девојката што минала покрај вас нема да ја зголемат вашата популарност кај мажите. Со таквото озборување и исмејување вие покажувате несигурност, а некој може да си помисли и дека рефлектирате љубомора. Подобро воздржете се од зајадливи коментари, за да не изгубите од својата привлечност.
И што е најважно, бидете уверени дека поседувате магнетска привлечност
Веројатно сте забележале дека во деновите кога се чувствувате убаво и привлечно добивате повеќе комплименти и ви приоѓаат повеќе луѓе. Тоа не е случајност. Кога вашите очи зрачат самоувереност, кога се чувствувате како да можете да го покорите светот, другите луѓе не можат да го игнорираат вашето присуство и вашиот неодолив магнетизам.