Почетна Технологија РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

од nenad
1 минути читај за

Пазарот на валути во Русија продолжува да тоне четврти ден по ред.  Рубљата е на најниска вредност од првите недели од целосната инвазија на Украина, пишува Moscow Times. Курсот на доларот денеска се зголеми за речиси пет отсто и надмина 110 рубљи за прв пат од март 2022 година. Во текот на денот еврото скокна за 4,4 отсто и достигна 115,66 рубљи, исто така рекорд за последната година и половина, пишува The Moscow Times. Јуанот ја зголеми вредноста за 1,8 отсто на Московската берза.

Намалувањето на рубљата може да продолжи и во 2025 година: курсот на јуанот може да изнесува 15,2 рубли, доларот може да надмине 112 рубљи, а еврото да достигне скоро 120 рубљи, пишуваат аналитичарите на Росбанк. Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, руската валута е нестабилна.

foto freepik.com/koldunov

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING