Почетна Економија РУСИЈА Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ФРАНЦИЈА Француски инструктори ќе ѝ помагаат на украинската армија

РУСИЈА Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ФРАНЦИЈА Француски инструктори ќе ѝ помагаат на украинската армија

од nenad
2 минути читај за




Ниту еден инструктор вклучен во обуката на украинската армија нема имунитет. Не е важно дали се Французи или не – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,
Русија вчера одговори со нова закана за ескалација на извештаите дека Франција наскоро би можела да испрати инструктори да и помогнат на украинската армија.
– Ниту еден инструктор вклучен во обуката на украинската армија нема имунитет. Не е важно дали се Французи или не – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе АФП.

   

Минатата недела, украинскиот врховен командант Олександр Сирски изјави дека француските инструктори наскоро ќе пристигнат во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон, кој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела за време на 80-годишнината од Денот Д во Франција, наскоро може да објави мала коалиција на земји, волни да испратат инструктори во Украина, објави Монд.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека веќе има „специјални сили под маската на платеници“ во Украина.
Државната новинска агенција ТАСС, пак, ја цитираше портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, која во контекст на инструкторите, изјави дека Москва добила извештаи за неодамнешното распоредување на француски војници во Украина.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING