Руските власти соопштија дека во текот на претходната ноќ неутрализирале 31 украински беспилотно летало во неколку региони на земјата и на црноморскиот полуостров Крим.
– Во текот на ноќта беа спречени нови обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со воздушни дронови против цели на територијата на Руската Федерација, објави руското Министерство за одбрана на Телеграм.
Во соопштението се посочува дека руската противвоздушна одбрана уништила 12 беспилотни летала над областа Белгород, која граничи со Украина и каде вчера во украински напад загинаа 15 лица. Уништени се уште два беспилотни летала над регионот Курск, кој исто така граничи со Украина, а четири беспилотни летала се пресретнати над соседниот регион Липецк. Исто така, седум беспилотни летала и четири крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ беа уништени над полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.