Почетна Македонија РСЕ: Лајчак утре во Приштина

РСЕ: Лајчак утре во Приштина

од nenad
1 минути читај за




Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува утре, петок, 6 септември, да го посети Косово, јави Радио Слободна Европа. Оваа посета, како што изјави самиот Лајчак минатата недела, има за цел да подготви средба на ниво на главни преговарачи во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија. Овој пат, според извори на РСЕ, по Приштина Лајчак нема да го посети Белград.

Минатата недела, додека учествуваше на безбедносниот форум Глобсек во Прага, европскиот емисар се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во меѓувреме, портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повтори повиците до косовските власти да се воздржат од еднострани и некоординирани чекори, кои според Унијата би можеле да ги зголемат тензиите на северот на земјата, населена со мнозинско српско население.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING