Џесика Алба многу брзо успеала да си ја врати линијата по породувањето, благодарение на овој режим на исхрана и вежбање
Менито на Џесика Алба, поради кое изгледа како девојка во петтата деценија, многу е практично. Џесика Алба има 42 години и тело од соништата. И покрај фактот што родила три деца, успеала да си ја врати својата девојчинска става, а сето тоа благодарение на малите промени што ги вовела во својата рутина.
Таа тврди дека ништо не се случува само од себе и дека не станува збор за никаква магија, туку за напорна работа.
„Вежбањето е тоа што ме покренува. Благодарение на вежбањето, мојот мозок е попродуктивен. Како што стареам и откако станав мајка, мојот приоритет е да бидам здрава.
За да бидам здрава и силна, вежбам пилатес, вежби за сила, оброците ги базирам на растителна исхрана и се одморам“, открила Алба.
Како изгледа режимот за здравје на Алба?
1. Вежба два до четири пати неделно
„Ми треба да се испотам. Да го завршам тренингот како штотуку да сум истрчала маратон. Ете толку ми треба вежбањето. Се чувствувам бескорисно ако не се испотам и ако не се изморам до крајни граници!“
2. Алба обожава пилатес
„Благодарение на пилатесот, ми се покажа секое мускулче. Никогаш не претпоставував дека пилатесот е толку добра активност. Вежбам со пријателите и тоа ми е многу забавно“, рекла актерката.
Поврзани објави
3. Со задоволство практикува вежби со висок интензитет
„Обожавам да се движам, да трчам, да се потам. Обожавам да правам клекнувања со скок. Сакам и да планинарам, да пливам или да возам велосипед – знам дека тоа убаво ќе го обликува моето тело.“
4. Не е вегетаријанка, но четири дена во неделата јаде само растителна храна
„Четири дена неделно јадам само растителна храна и не пијам алкохол. Петок, сабота и недела се деновите кога јадам што сакам“, признала актерката.
Џесика навела дека нејзиното мени содржи и протеински шејкови, а за појадок најчесто јаде авокадо и поширани јајца, додека преку ден грицка свеж зеленчук со хумус или пуканки со хималајска сол. Признала дека не јаде слатко и дека се обидува да се заслади само со природни шеќери, како овошје или мед.
Совршената става ја одржува така што одбегнува слатко, иако признала дека го обожава. Убавата актерка внесува само храна со низок гликемиски индекс и редовно вежба. Одлучила да ги исфрли од исхраната сите житарки, белото брашно и рафинираните шеќери, заради здравје.
5. Кокосовата вода е нејзината омилена напивка
„Ги обожавам здравствените придобивки на кокосовата вода. Не пијам други напивки. Пијам кафе, чај и кокосова вода – тоа е тоа. Мислам дека хидратацијата е многу важна.“
6. Се ослободува од стресот со помош на медитација
ФОТО: Brooke Lark / Unsplash, Инстаграм @jessicaalba