Почетна Убавина и здравје Реши да се повлече од јавноста – Убавина и здравје

Реши да се повлече од јавноста – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Александра Пријовиќ е една од најголемите балкански ѕвезди, а за атмосферите на нејзините концерти се зборува со денови.

Пејачката посебно се осврна на концертите во Белград, но најави и повлекување од јавноста.

Па, токму затоа што сѐ почна од Белград. Белградската публика прва поверува во мене и помогна „мојот глас да се слуша надалеку“. Носам посебни емоции од тој прв ден. И сега веќе сум нервозна пред тој последниот концерт на 22 декември – изјави Александра за „Блиц“.


Поврзани објави

Не се плашев, но не верував дека ќе се продаде за еден ден. Затоа правиме нешто посебно и различно од целата турнеја за тој ден. Се трудев да ги направам концертите подеднакво убави во секоја држава и град, цел тим го носев на помали места и не штедев никаде кога се работеше за продукцијата. Затоа Белград заслужува да ги изненадам на последниот концерт. Но, јас никогаш не зборувам однапред, туку изградив однос на доверба со публиката – затоа знам дека тие знаат дека ќе си поминеме одлично и дека ќе дадам сѐ од себе тие да си одат дома насмеани и да се сеќаваат на таа средба многу години – изјави Пријовиќ.

Александра Пријовиќ по концертите го откри својот следен чекор.

Александра заслужи пауза (се смее) Се повлекувам од јавноста… на некое време. Следната година е идеална за создавање на нови песни, планирање на се што доаѓа, празници, семејство, пријатели – изјави таа.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин @aleksandraprijovic https://www.instagram.com/aleksandraprijovic/?hl=en


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING