Почетна Убавина и здравје Рецепт за вкусни и меки посни кифлички – Убавина и здравје

Рецепт за вкусни и меки посни кифлички – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Идеални се за деновите кога постите, но и за прославите на кои очекувате гости кои постат.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

400ml млака вода

1 лажичка шеќер

1 лажичка куркума

2 лажички сол

1 лажичка оцет

20g свеж квасец

700-750g брашно

10g прашок за печиво

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ


Поврзани објави

100ml вода

1 лажица брашно

Малку сол

ПОДГОТОВКА

Измешајте го квасецот со шеќерот и малку вода. Додајте ја куркумата, остатокот од водата и оцетот.

Половина од брашното измешајте го со сол и прашок за печиво. Замесете тесто од двете смеси и додавајте ја останатата половина од брашното постепено.

Нека отстои 30 минути.

Размесете го тестото, исечете триаголници и формирајте кифлички. Оставете ги да нараснат во тепсија, додека рерната се загрева на 200 степени.

Сварете ја водата за премачкување и додајте го брашното со солта. Премачкајте ги додека водата е жешка, па печете околу 30 минути.

Откако ќе се испечат покријте ги со крпа.

Добар апетит!

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING