Почетна Македонија Реконструкцијa-како изгледаа последните часа пред приведувањето на врховниот судија Георгиев?

Реконструкцијa-како изгледаа последните часа пред приведувањето на врховниот судија Георгиев?

од nenad
3 минути читај за

15 часот – 20 мај 2024 година. Голем метеж во главниот град, со поголем интензитет кај трговскиот центар Ист Гејт. Судијата Наќе Георгиев се пакува да тргне накај родниот град Струмица. Во авотмобилот има дури и зеленчук кој го купил за дома. Но пред да замине, на „Ватс ап“ има договорена средба со блиски членови на семејството на Боро Стојчев кои треба да му дадат кеш во евра, а тој да влијае во судскиот тек на постапката која се води против него.

   

Средбата во хотел Вип, во централното градско подрачје е закажана за 15 часот. Георгиев доаѓа тука, разговара и ги зима парите, точно 10 илјади евра ама не знае дека тие се претходно обележани.

Планот да тргне кон Струмица му го спречуваат полицајците, па наместо на автопатот кон Штип, понеделникот попладнето врховниот судија завршува во полициска станица Кисела Вода. Околу 21 часоти 20-тина минути една интервента и четири цивилни полициски возила 22 часот го носат во канцелариите на Врховниот суд.

По неколку часовна проверка го враќаат во полициската станица каде ќе ја помине ноќта до следниот ден, вторник кога ќе биде спроведен во Скопскиот кривичен суд во 14 часот и 25 минути. Георгиев по околу два часа пред судија на претходна постапка, каде тврди дека го местат е и невин, завшува во ќелија во Шутка. Се жали, но советот не прифаќа олеснување.

  • Нема аргументи се брани со молчење -само дека е наместен во целиот случај, толку. Други детали нема“ рече Александар Тумановски – адвокат на Наќе Георгиев.

Второосмичениот, обвинителот Иџет Мемети во понеделникот не бил поканет на средбата, но претходно помеѓу него и Георгиев наводно, паднале договори видео повик на мрежата за комуникација „Ватс Ап“. Тој тврди дека не знаел за средбата, немал информации за што посредува Георгиев, но признава дека се знаел со обвинители и судии и со нив пиел кафе.

  • Не, ги знам сите обвинители и судии, но за овие работи, з овој случај, за овие работи, никогаш не сум разговарал“ рече вчера пред Судот, Иџет Мемети.

Според наши информации, обележаните 10 илјади евра не биле единствените пари кои биле дадени за да се изврши влијание во судската постапка за Боро Малборо. Освен што давал кеш за поткуп, ексградончникот направил спогодба и со обвинителството за речиси минимална казна за шверцот на марихуана во март годинава. Истовремено, Стојчев се жалел на проблеми со срцето, и според изјавата на дректорот на Шутка, Филип Андов за Претрес, бил спроведен и до Кардиологја.

  • „Здравствената состојба се имаше пожалено и беше однесен на Кардиологија, каде имаше интервенции. Вратен е повторно во притворското одделение. Не е проблематичен, само здравствената состојба ја пратиме будно и гледаме да не дојде до несакани дејствија“, рече Андов за поткастот „Претрес“.

Судот прифати дека 5 години и три месеци се доволни за Малборо во ќелија за пуштање во промет на наркотични дроги со мрежа на препродажа, дело извршено со уште деветмина други.

Засега двајца осомничени, Георгиев и Метити, првиот во Шутка, а вториот без пасош и повремено јавување во кривичен, негираат било каква вина, спротивно од она што обвинителство ќе докажува пред судот.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING