Почетна Македонија Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

од nenad
2 минути читај за

„Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!” – порача Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски.

   

„Што ви е поентата? Што сакате да постигнете со блокадата на Северна Македонија? Што мислите дека ќе постигнете? Да падне поддршката во ЕУ, само тоа можете да го постигнете!” – ова е главната порака што албанскиот премиер Еди Рама ја испрати до Бугарија, но и до другите земји членки на ЕУ, кои користат билатерални прашања за да го блокираат процесот на проширување.

„Ова е најантиевропска политика што може да се замисли, ова е најстрашен пристап кон нашата иднина и долгорочно ова е еднакво штетно и опасно и за нив, не само за нас. Ова е лудо! Целосно лудо! Што значи ова? Дека сега за секоја земја која сака да се зачлени, може да се појави друга и да каже – а, не, прво да видиме кој беше овде прв, кога од мајмуни станавме луѓе, дали бевме ние или вие”, порача Рама и продолжи:

„Падот на поддршката кон ЕУ е резултат токму на ова ср..е! Национализмот ја киднапираше ЕУ и ЕУ станува жртва на националистичките пориви на земјите, една, па друга. Решението е просто – не може билатералните прашања да блокираат! А ако некоја земја сака да глуми дека некое билатерално прашање е европско, тогаш мора да има барем уште една што ќе ја поддржува. Не може 26 земји да кажат – ова е билатерално прашање, една да тврди дека е европско, и наеднаш тоа да стане европско. Наместо Бугарија да рече, добро ние имаме проблем со Северна Македонија (иако јас не им го разбирам проблемот, искрено), ама ајде да го оставиме настрана, а преговорите и трансформацијата на земјите да течат, тие бојкотираат. Зошто ги блокирате самите преговори? Зошто блокирате реформи? Лудо! Одвратно!” – смета Рама

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING