Почетна Убавина и здравје Ракот го уништил, а денес не би го ни препознале! – Убавина и здравје

Ракот го уништил, а денес не би го ни препознале! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Пејачката Шер признала дека Вал Килмер бил единствениот маж што ја оставил и дека до ден денес не го преболела

Пејачката Шер денес има 78 години, а речиси две години е во врска со 40 години помлад рапер. На прашањето од новинарите дали некогаш била оставена од некој маж, таа одговорила:

„Имаше неколку такви, но никогаш не преболев што ме остави Вал Килмер.“

Пејачката била во врска со 13 години помладиот актер во периодот од 1982 до 1984 година, а на прашањето зошто тој ја оставил, Шер открила:

„Затоа што понекогаш едноставно не можеш да останеш со некого многу долго. Тој беше навистина млад.“

Шер го открила следново уште во 2018 година:

„Кога се бакнавме, мислев дека главата ќе ми експлодира. Го запознав на роденденска забава што ја организира моја пријателка. Таа ми кажа: ‘Го поканив типов и мислам дека ќе ти се допадне.’ Станавме пријатели бидејќи постојано се смеевме на истите работи. Тој преспиваше кај мене и тоа беше само пријателство на почетокот, а потоа станавме многу повеќе од тоа“, објаснила таа.

Што се случило со Вал Килмер?

Во 2014 година, Вал Килмер го заболело грлото по претстава. Подоцна отишол кај Шер, но во нејзината соба почнал да повраќа крв. Потоа, му се заматил видот и му течело крв од сите страни. Иако му бил дијагностициран рак на грлото, Вал не сакал да прима терапија, бидејќи ѝ припаѓал на христијанската заедница, која верувала дека со молитва може да се истераат стравот и болеста.

По очајните молби на синот Џек и ќерката Мерцедес, Вал почнал да се лекува, а потоа се согласил и на операција, хемотерапија и зрачење.


Поврзани објави

Денес има цевче во грлото поради што неговиот глас е изменет, а изгледот драстично му се променил.

Денес речиси и не се појавува во јавност.

Лудиот живот на Вал Килмер

Разводот на родителите го уништил, поради што бил подготвен на сѐ само за да не се разведе. Но неговата сопруга имала поинакви планови.

„Едно утро пуштив Си-Ен-Ен и дознав дека мојата сопруга поднела документи за развод. Ги зела децата и ги одвела во друга држава“, раскажал актерот.

Актерот, кој бил во врска со Анџелина Џоли, Шер, Синди Крафорд, одлучил сосема да се повлече од љубовниот живот.

„Не сум имал девојка 20 години, бев осамен секој божји ден“, рекол тој.

Актерите со кои соработувал го нарекувале „психопат“ и тврделе дека Вал сакал да ги запали, да ги уништи. Вистината била дека актерот бил страшно повлече и дека со години не комуницирал со други луѓе.

Пејачката Шер и денес вели дека тој бил и останал љубовта на нејзиниот живот и дека тој e неразбран гениј.

ФОТО: Инстаграм @cher, @valkilmerofficial

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING