Почетна Балкан Работнички израмни во полуфиналната серија против Пелистер – Курир

Работнички израмни во полуфиналната серија против Пелистер – Курир

од nenad
1 минути читај за
Работнички израмни во полуфиналната серија против Пелистер

Кошаркарите на Работнички израмнија 1:1 во полуфиналната серија со битолски Пелистер од разигрувањето за титулата во македонската кошаркарска лига, откако вечерва во вториот домашен натпревар во СРЦ „Кале“ славеа со 75:69.

Роберт Рикиќ беше најдобриот поединец во таборот на Работнички завршувајќи го мечот со 22 поени и 14 скока, а Бобан Стајиќ заврши со 15 поени.

Кај Пелистер расположен беше Јуре Планиниќ кој мечот го заврши со 23 поени и седум скока.

Серијата продолжува со два натпревари во Битола, првиот нареден е на 9 мај.

Утревечер пак се игра вториот меч од полуфиналната серија помеѓу актуелниот првак МЗТ Скопје и ТФТ во СЦ „Јане Сандански“.

Извор : Kurir.mk

Работнички израмни во полуфиналната серија против Пелистер

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING