Почетна Убавина и здравје Работи кои што ќе ви помогнат да имате подобар секс! – Убавина и здравје

Работи кои што ќе ви помогнат да имате подобар секс! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Постојат неколку факти за сексот што би било добро да ги знае секоја жена за да може со мали промени да си го подобри сексуалниот живот и да си го зголеми задоволството.

Колку почесто имате секс, толку поголема ќе биде вашата желба за секс

Ова е факт. Колку почесто имате секс, толку повеќе се опуштате, повеќе учите што ве возбудува и сето тоа резултира со поголемо задоволство. А големото задоволство ќе ве принуди да сакате повторно да имате средба со партнерот под чаршафите и тоа што поскоро.

Мисионерската поза не е најдобриот пријател на женскиот оргазам

Можеби се чувствувате пријатно во мисионерска поза, но тоа е и позата во која жените најтешко доживуваат оргазам.

Постојат вежби за подобар секс

Поврзани објави

Секоја физичка активност може да ви го подобри сексуалниот живот. Но, постојат вежби наменети токму за мускулите таму долу. Кегеловите вежби можат да ви донесат поинтензивни оргазми или да ви помогнат да ги достигнувате почесто.

Мажите не обрнуваат внимание на вашите несовршености за време на секс

Вие може цел ден да мислите за црвената точка што ви се појавила на задникот или за целулитот. Но, мажите се толку многу обземени од возбуда кога ќе здогледаат голо женско тело што не можат да размислуваат за ништо друго, а не пак за вашите несовршености.

Вашиот партнер не може да чита мисли, давајте инструкции

Доколку сакате нешто од него, треба да му го кажете јасно и гласно. Ако не барате, нема да добивате, па наскоро сексот може да ви стане досаден и да не ви носи никакво задоволство и возбуда. Отворената комуникација е клучот за добар секс. Не треба да ви претставува проблем да му посочите на партнерот што сакате и како го сакате.

Во секоја врска се појавува сушен период

Нема потреба за паника ако во одреден период настапи пауза во заедничкиот сексуален живот. Тоа не значи дека дошол крајот на врската. Не може да очекувате дека постојано ќе живеете како да сте на меден месец. Верувајте дека кога ќе одмине кризниот период ве очекува многу побурен секс. Сепак, ако „сушата“ продолжи долго време, тогаш иницирајте разговор во 4 очи.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING