Почетна Економија Путин го потпиша указот за зголемување на Вооружените сили за речиси 1,5 милион војници

Путин го потпиша указот за зголемување на Вооружените сили за речиси 1,5 милион војници

од nenad
1 минути читај за

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за зголемување на бројот на вооружените сили со што новиот број на вработени ќе изнесува речиси два и пол милиони луѓе, од кои еден и пол милион се воени лица.

Дополнително, во уредбата се наведува налог до Владата да ги одвои парите потребни за спроведување на уредбата.

Претходно, Путин потпиша указ за зголемување на бројот на вооружените сили во декември 2023 година, кога бројот на воениот персонал се зголеми на нешто повеќе од два милиона и 200 илјади луѓе, од кои околу еден милион и 300,000 се војници.

Според заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев, годинава договори со Министерството за одбрана потпишале околу 190,000 граѓани.

На почетокот на овој месец, Путин рече дека бројот на луѓе кои се заинтересирани да се приклучат на војската нагло се зголемил откако украинските сили извршиле упад во рускиот пограничен регион Курск.

паг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING