„Тоа што е низ булеварите, тревата на средина – се под наша надлежност. Парковите што се под зградите, се под надлежност на општините. Ние организираме акции за да се проверат сите булевари“, вели в.д. директорот Јетон Бучи кој доаѓа од ДУИ. Општина Карпош исто така „крена раце“ пред тревата во нивната општина. Тие сметаат дека не треба да водат грижа ниту за наводнување, ниту за отпадот – па истиот, ниту го чистат градските комуналци, ниту општинските. Па така, по невремето кое го зафати Скопје пред скоро два месеци, гранките од дрвата стоеа на улиците, па на паркинзите и на крај останаа на тревниците. Сепак, Карпош, реши да ги собере иако и натаму се правдаа дека ако не ги најдат паднати после првата улица од тревникот – не треба да мрднат со прст.
Сепак, и покрај пребарувајќи на сите онлајн-сервиси, не најдовме правилник кој го уредува ова прашање. Останува отворено прашање дали „надлежноста“ е законски уредена или станува збор за џентламенски договор.