Table of Contents
Редакцијата на списанието „Убавина и здравје“ својата осма конференција за жени Профемина ја нарече Креаторка на својот живот и ја одржа во петокот, на 22 ноември, во Холидеј Ин.
И овој пат конференцијата собра еминентни говорници и експерти од различни области, кои се занимаваа со широка палета на најактуелните теми: од општествено ангажираните, насочени кон зајакнувањето на жените, преку советите и мотивационите говори за професионален развој, па сè до новитетите во областа на психофизичкото здравје, негата и убавината.
Бројните говорници од светот на козметичката и здравствената индустрија, почитуваните фармацевтски и медицински експерти, како и сите други познавачи на современата жена и на сите нејзини потреби предизвикаа восхит кај многубројната публика, која нивните заклучоци и совети ги награди со громогласни аплаузи.
За време на конференцијата, посетителите имаа можност да ги пробаат новите производи, препарати за нега на лице и тело, како и шминка, а за време на паузите ги чекаше освежување во зоната на искуства.
ЗОНА НА ИСКУСТВА
Претходно
1 од 42
Следно
И оваа година пријатели на регионалната конференција за жени ПРОФЕМИНА беа реномирани компании со долгогодишно успешно присуство во земјата и во регионот: Vichy, Afrodita Cosmetics, ELENA LUKA, A1 Makedonija, Waterdrop, KRKA, Fisherman’s Friend, Cannabo Replek, Violeta, Sinoz, Atkinsons, Gordon’s, Baileys, Флебавен, Loolka, Ladna, Philips, Универзитет Скопје, Revalid, Magic, MY SPA, dm Drogerie Markt.
Гостите не пропуштија да се регистрираат на влезот за да си го обезбедат своето учество во лотаријата полна со изненадувања од поддржувачите на конференцијата.
На самиот почеток на конференцијата, публиката, како и учесниците и партнерите на конференцијата, ги поздрави Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на списанието „Убавина и здравје“ и креативен директор на конференцијата Профемина.
Првата-панел дискусија започна во точно 10 часот, а се дискутираше на темата „Улогата на младите во просперитетот на Македонија”. Билјана Трендафилова го модерираше разговорот а нејзини соговорници беа доц. д-р Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања, проф. д-р Наташа Ристовска, професор на Универзитет Скопје, доц. д-р Гордана Серафимовиќ, професор на Универзитет Скопје и м-р Анастасија Иванова, најдобра постдипломка на генерација. Повеќе за оваа панел-дискусија поддржата од Универзитет Скопје, можете да прочитате ТУКА.
Следуваше студијата на случај „Убава или здрава коса? А зошто не и двете?“ поддржана од Revalid во чии рамки модераторот Бојан Гиевски и Благица Беговска Спасовска, магистер по фармација, лице одговорно за брендот Revalid во Македонија, им ги доближија на присутните гости проблемите и решенијата во негата на косата. Повеќе на оваа тема прочитајте ТУКА.
Присутните со нетрпение чекаа да ја слушнат приказната на единствената ЕЛЕНА ЛУКА, која преку својот личен пример го отсликува мотото на годинешната „Профемина“. Разговорот го водеше водителката Маја Поцевска, а ЕЛЕНА ЛУКА искрено одговараше на сите прашања и несебично ги споделуваше своите искуства. Дознајте повеќе ТУКА.
„За подобар онлајн-свет“ гласеше насловот на втората панел-дискусија под покровителство на А1, а во неа учествуваа Јелена Спенџарска во улога на модераторка, Бојана Стојменовиќ Петровска, психолог, семеен и системски советник, организациски консултант за ментално здравје и основач на Мој психолог, Бранкица Толевска, менаџерка за корпоративна стратегија, бизнис-трансформација и ESG, А1 Македонија, м-р Роберт Атанасов, автор на „Прирачник за заштита од измами и компјутерски криминал“ и Нина Ред, инфлуенсерка. Дознајте какви заклучоци извлекоа тие ТУКА.
Третата панел-дискусија на годинешната ПРОФЕМИНА со наслов „Мирисот како портал за емоции и спомени“ поддржана од Atkinsons ни помогна да ја разбереме фасцинантната врска меѓу мирисот и емоциите. Разговорот го модерираше Елена Најдоска, а учествуваа М-р Жана Базби, психолог, тренер за ментален и емоционален развој, Софија Јакимовска, бренд-менаџерка „Мартимекс“ и Ване Марковски, ТВ водител и пиар на парфимерии „Шатци“. Прочитајте повеќе ТУКА.
Поврзани објави
Уредничката на „Убавина и здравје“ и водителка Јована Стојменовиќ и нејзината соговорничка Моника Миленкоска, бренд-менаџерка во групацијата „Орбико“, водеа инспиративен разговор во рамките на третата студија на случај „Историјата на брендот како метафора за верност и пријателство“. Дознајте повеќе за Fisherman’s Friend ТУКА.
Во рамките на четвртата студија на случај „Болки во нозете? Не игнорирајте ги симтомите, дејствувајте веднаш!“ се зборуваше за ризик-факторите, превенцијата и третманот на венската болест. Учествуваа Милена Ѓошевска, фармацевтка и сениор бренд-менаџер во КРКА – Скопје во улога на модераторка, д-р Елена Петковиќ, специјалист трансфузиолог, Институт за Трансфузиона медицина Скопје и д-р Христина Брешковска, специјалист дерматолог, УК за Дерматологија Скопје. Прочитајте повеќе ТУКА.
На четвртата панел-дискусија со наслов „Менструација: физичко, психолошко и социјално патување“ под покровителство на dm Drogerie Markt, учесниците се обидоа да ги срушат табуата зборувајќи отворено за она што досега се шепотеше и се смета за несоодветно за разговор. Разговорот го модерираше Јована Стојменовиќ, а своите ставови, лични искуства и стручни совети ги споделија м-р Ивана Хаџиванова, психолог, психотерапевт основач на НЕОКОРТЕКС, примариус д-р Искра Крстевска Дукова, спец. гинеколог акушер УКГАК и членка на МАГО, Миљана Ристиќ, атлетичарка и Кристина Дуранска, менаџерка за маркетинг и комуникации во „dm дрогерие маркт”. Дознајте како течеше овој разговор ТУКА.
„Нереални стандарди за убавина: дали ни е дозволено да старееме?“ беше темата на петтата панел-дискусија поддржана од Afrodita Cosmetics, а која ја модерираше водителката Ирена Спировска.
Соговорници на темата на Спировска ѝ беа: Јудита Железник, , Катерина Шехтанска, актерка и балерина, Татјана Стојановска Китановска, ТВ лице и м-р Ивана Станковска, клинички психолог и семеен советник. Прочитајте повеќе ТУКА.
Во рамките на шестата панел-дискусија: „Прашања кои (не) треба да ги поставуваме: кога ќе… се омажиш? родиш дете? ослабнеш?…“, м-р Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка на Vichy, Септима, Викторија Јаначковиќ, доктор по стоматологија и магистер по европска и меѓународна политика и дипломатија, Ивана Кнез, модна дизајнерка и проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на УКГАК ја споделија сопствената листа прашања кои не треба да ги поставуваме, образложувајќи ни од своја гледна точка зошто. Разговорот го модерираше Снеже Велков, а ТУКА можете да дознаете повеќе за оваа панел-дискусија поддржана од Vichy.
„Што сакаат жените? Низ призмата на мажите“ беше последната, но и најинтригантната тема на годинешната „Профемина“. На жешкото столче седнаа наши влијателни господа: Владимир Василески Четкар, музичар, Јанаки Митровски, адвокат, Жарко Димитриоски, ТВ-водител и Стефан Спирковски, инфлуенсер, а скокотливи прашања им поставуваше Татјана Пуленџовска. За да дознаете како тие се снајдоа и какви одговори понудија, кликнете ТУКА.
„Профемина 2024“ заврши со богата лотарија и доделување дополнителни подароци од страна на поддржувачите на настанот, при што се погрижи за тоа сите посетители да си заминат среќни, исполнети, инспирирани и збогатени со нови знаења и информации.
ЛОТАРИЈА
Претходно
1 од 7
Следно
Во продолжение погледнете кој се’ присуствуваше на „Профемина 2024“, а сите фотографии можете да ги погледнете на социјалните мрежи на „Убавина и здравје“.
Гостите на ПРОФЕМИНА 2024
Претходно
1 од 16
Следно
ТЕКСТ: Бојана Стојменовиќ, Марија Лукаревска
ФОТО: Никола Даневски, Горан Десковски