Почетна Македонија Пронајден авионот на потпретседателот на Малави целосно уништен, сите се загинати

Пронајден авионот на потпретседателот на Малави целосно уништен, сите се загинати

од nenad
1 минути читај за

Претседателот Лазар Чаквера прогласи ден на жалост поради смртта на Чилима и на девет други.Чилима и останатите патници биле на пат да присуствуваат на погребот на поранешниот државен обвинител, кога авионот исчезнал од радарот. Контролата на летање соопшти дека авионот не можел да слета на аеродромот Мзузу, на околу 320 километри од главниот град, поради слабата видливост.

   

Според медиумите, на пилотот му било наложено да се врати во Лилонгве, по што леталото исчезнало од радарот.Чилима (51) се сметаше за можен кандидат за претседател на државата на изборите што ќе се одржат во 2025 година.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING