Почетна Технологија Промовирана онлајн едукативна платформа за наставници

Промовирана онлајн едукативна платформа за наставници

од nenad
2 минути читај за

   

 

Наставнците можат да ги научат своите ученици да распознаваат веродостојни информации, да ги разберат опасностите од дезинформации и да практикуваат безбедни онлајн навики. Платформата се состои од онлајн интерактивен курс за обука на наставниците, како и дел кој содржи насоки и придружни материјали за да ги поттикне наставниците да развијат свои приспособени изборни програми за реазлизација во нивните училници. „EduCyberGuardians e проект кој произлезе од Кампот за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“ – TechCamp Охрид, а поддржан од Амбасадата на САД и Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед. Тимот е составен од координаторот Зорица Милкова од ООУ „Тошо Велков – Пепето“ Кавадарци, одд. настваник Биљана Стојановска од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Центар, Скопје и ИТ експертот за сајбер безбедност Александар Ацев“, информираат од проектот.

 

Зорица Милкова, координаторката на проектот вели дека целта е медиумската и дигиталната писменост да бидат вградени во основното образование. „Со зајакнување на компетенциите на наставниците со актуелни квалитетни алатки и знаење, „EduCyberGuardians“ ќе се стреми да поттикне иднина каде што младите ученици не се само пасивни консументи, туку информирани и критички настроени корисници на медиумската и дигиталната содржина”, изјави Милкова.

 

Предложената платформа вклучува автоматски систем за повратни информации. По секој модул, наставниците ќе можат да ги споделат своите искуства, да предложат подобрувања и да пријават застарени информации или ресурси. Оваа директна линија до корисниците ќе обезбеди „EduCyberGuardians“ да остане одговорна на потребите на наставниците и да се развива заедно со развојот и промените на дигиталната средина. Модулите од онлјан курсот нема да бидат ограничени со временска рамка, па наставниците ќе можат да ги завршат според своите индивидуални можности. По завршувањето на шесте модули кои се дел од „EduCyberGuardians“, секој наставник ќе се стекне со дигитален сертификат.

 

„Во иднина би сакале оваа платформа да понуди дополнителни бесплатни обуки и ресурси за наставниците, со цел олеснување на целокупниот наставен процес, а истовремено да им овозможиме нивен континуиран професионален развој. Оваа иницијатива ќе помогне да се подобри квалитетот на образованието, да се поттикне иновативноста и да се зголеми професионалното усовршување на наставниците. Со обезбедување на овие обуки и ресурси, ќе се зајакне наставничката заедница и ќе се создадат можности за постојан раст и унапредување на нивните знаења и вештини“ изјави Биљана Стојановска, член на тимот.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING