Почетна Македонија Проект на Театар „БОЕМИ„ – Скопје „Хепи Хипо Шоу – за кохезивно и инклузивно општество„

Проект на Театар „БОЕМИ„ – Скопје „Хепи Хипо Шоу – за кохезивно и инклузивно општество„

од nenad
4 минути читај за

Во втората половина на месец Април, Театар „БОЕМИ„ – Скопје го реализира овој проект во општините Кисела Вода, Гази Баба и Куманово. Со  проектот се третираат манифестациите на насилниот екстремизам и неговите форми во училиштата во со проектот опфатените општини. Младите се најподложни на влијанија и потребата од сензибилизирање на локалната заедница, локалните власти, локалниот бизнис, родителите и вкупното опкружување е од клучно значење за успех. Живеејќи во опасно време, каде што социјалните медиуми ги прават најопасните феномени достапни за младите, војната во Украина и во Израел, масакрот во основното училиште во Србија, сето тоа е опасен „квасец„ кој ако падне врз погодно тло, може да резултира во исклучително опасна реакција. Во оваа смисла, отворањето на спонтатна но целенасочена дискусија за надминување на сите видови на конфликти во училиштата е од клучно значење за зајакнување на локалната средина и создавање на отпорно кохезивно и инклузивно општество. За успешно третирање на проблемите и потребите на младите луѓе, се спроведе научно истражување, кое беше вовед во главните активности на проектот и врз основа кое беше искреирана а потоа и изведена претставата, пропратена со дискусија и соодветни заеднички заклучоци. Она што младите луѓе го гледаат, чувстуваат и доживуваат преку учеството во уникатната претстава базирана на пристапот „форум театар„ трајно и позитивно ги менува нивните погледи, разбирања, сваќања и однос кон горенаведените општествени аномали. Со проектот се опфатени ученици од осмо и девето одделение од основните училишта и од прва и втора година од средните училишта. 

   

            Автор и режисер на претставата и автор на научното истражување кое е составен дел на проектот е д-р Нелко Нелковски а во шоуто учествуваат и актерите Ердоан Максут, Пируника Киселички, Радо Алексовски и Изабела Јакимова. Составен дел на шоуто е и задничката изведба од страна на актерите и публиката на химната на проектот со наслов „Насилството се лечи со Љубов„, што е наслов и на претставата,  како и отворената дискустија и дебата која се одвива во рамките на секоја негова изведба.

Шоуто се реализираше во сите три општини – Кисела Вода, Гази Баба и Куманово, со по три изведби дневно во секоја општина. Шоуто континуирано ќе продолжи да се изведува во сите други општини во земјата.

            Обработката на податоците од научното истражување е во завршна фаза и промоцијата на научната студија се очекува да биде во средната на месец Јуни, со што ќе заврши реализацијата на овој проект.

        Проектот „Хепи Хипо Шоу – за кохезивно и инклузивно општество“ е имплементиран од страна на Здружението на граѓани Театар „БОЕМИ“ – Скопје а финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во Северна Македонија” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ и Здружението „Хуманост“. Со проектот се опфатени општините Кисела Вода, Гази Баба и Куманово. Проектот се реализира во тесна соработка со секторите за образование и за култура на секоја од општините а во процесот на подготовка на претставата Театар „БОЕМИ“ доби институционална поддршка од Општина Кисела Вода а оваа соработка ќе продолжи и во иднина. Општина Кисела Вода е првата општина што организирано презема конкретни мерки за превенција од меѓуврсничкото насилство со отворање на бесплатна телефонска линија и бесплатна психолошка поддршка за сите засегнати.

       Театар „БОЕМИ“ изразува голема благодарност до организациите „Отворена Порта„ и „Хуманост„, за поддршката на овој проект како и до општините Кисела Вода, Гази Баба и Куманово и нивните сектори за образование и култура, за целокупната институционална поддршка во вкупната имплементација на проектот. 

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING