Почетна Македонија Продолжува периодот на многу топло време со температури и над 40 степени

Продолжува периодот на многу топло време со температури и над 40 степени

од nenad
1 минути читај за

Продолжува периодот на сончево и многу топло време и во наредните денови, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

   

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачуваат граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING