Почетна Убавина и здравје Проговори братот на принцезата Дијана, па ја шокира јавноста со одлуката по 13 години – Убавина и здравје

Проговори братот на принцезата Дијана, па ја шокира јавноста со одлуката по 13 години – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Чарлс Спенсер, братот на покојната принцеза Дијана, си ја отворил душата и ѝ признал сè на јавноста

„Ова е неверојатно тажно. Сакам да им се посветам на децата и внуците, на Карен ѝ ја посакувам сета среќа во иднина“, открил Чарлс Спенсер (60) за Daily Mail Saturday и така објавил дека се разведува од Карен Гордон.

Братот на покојната принцеза Дијана ја запознал својата, сега веќе поранешна сопруга, на состанок на слепо во ресторан во Лос Анџелес во 2010, а се венчале една година подоцна. Сепак, се чини дека на љубовта ѝ дошол крајот по долги 13 години.

Оваа двојка има 12-годишна ќерка Шарлот Дијана, чие име таткото ѝ го дал по својата постара сестра. Освен неа, тој има уште четири деца – од првиот брак со Викторија Локвуд има две деца, а од вториот брак со Каролина Фројд има уште две.

Странските медиуми наведуваа дека нивната врска пукнала додека Спенсер ги пишувал своите мемоари, во кои открил дека ја изгубил невиноста со проститутка кога имал 12 години. Напишал и дека се соочил со сексуално и физичко злоупотребување во училиште, и тоа од страна на медицинска сестра. Го бакнувала и го допирала.


Поврзани објави

„Тоа што ми го направи ми остави длабока и неизбришлива трага, во мене разбуди желби за кои немаше место кај толку младо момче. Оваа жена имаше тотална контрола врз хипнотизирано момче, бев гладен за женската топлина и очајно ја барав нејзината љубов“, напишал тој.

Пет години ги пишувал мемоарите A Very Private School и тоа толку силно влијаело врз него што минатата година побарал помош за својата траума. Во март за „Пипл“ открил дека Карен му била поддршка за време на целиот пат кон исцелувањето додека се присетувал на трауматичните детали од своето детство.

„Мислам дека за неа беше голем предизвик да има сопруг кој четири и пол години минуваше низ длабоки терапии. И ја поддржа идејата да го направам тоа. Мислам дека отсекогаш се надеваше дека ќе станам посреќен и поздрав, и се чини дека тоа е така. Па така, благодарен сум што беше покрај мене додека поминував низ ова што сега сфаќам дека беше важен процес“, заклучил тој.

Братот на принцезата Дијана објави нејзина досега невидена слика од 1968 година, а сите веднаш го забележаа овој детаљ (ФОТО)

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING