Улицата на славните во Лос Анџелес воопшто не е гламурозна, напротив, многу е трагична
Деновиве на социјалните мрежи кружи шокантно видео што настанало на познатата улица „Булеварот на славните“, односно на плочникот долж булеварот Холивуд и улицата Вајн, каде што се изрезбани повеќе од 2400 ѕвезди со имињата на славните личности кои ја обележале филмската индустрија во изминативе 100 години. Овој пат сликата била комплетно поинаква.
Иако најчесто гледаме купишта папараци и дотерани славни личности кога некој од нив ќе добие своја ѕвезда на овој булевар, реалноста е дијаметрално различна и многу потажна. Според многубројните видеа, оваа патека генерално е исполнета со стотици бездомници и наркомани, каде што тие спијат, се собираат, скапуваат и се борат со сопствените демони.
Многу од нив се во тешка состојба, со сериозни последици од долготрајното консумирање наркотици и алкохол, па едвај се движат, повраќаат и се превртуваат во агонија на улицата. Некои од нив се имаат и „вдомено“ на патеката на славните, поставувајќи шатори каде што живеат.
Поврзани објави
Лос Анџелес последниве неколку години се соочува со голема криза околу проблемот со бездомниците, чиј број надминува 50.000. Во последнава деценија, бројот на бездомници се има дуплирано, а градските власти минатата година го окарактеризираа овој проблем како „локална вонредна состојба“.
За 2023/2024 година, на Иницијативата за бездомници во округот Лос Анџелес одобрен ѝ е буџет од повеќе од 609 милиони долари, а парите се наменети за отворање нови простори за нивно сместување и за подобрување на услугите за решавање на проблемите со нивното ментално здравје и прекумерната употреба на недозволени супстанции.
ФОТО: Инстаграм @streetpeopleofhollywood, Јутјуб