Оваа „ризична“ тоалета на славната актерка ги украде сите погледи на филмскиот фестивал во Венеција. А еве зошто!
Во рамките на Венецискиот филмски фестивалсе одржа гала-вечерта amfAR, традиционален хуманитарен настан од празничен карактер. Многубројните познати убавици ја увеличија оваа прослава, иако централниот дел на вечерта секако е црвениот тепих на Мостра и премиерата на долгоочекуваните филмови и парадата на познатите актери.
Филмскиот фестивал во Венеција и оваа година ги оправда очекувањата, собирајќи завиден број познати личности, предводени од водечките холивудски ѕвезди. Во Венеција пристигна и Ева Лонгорија, која истата вечер се појави на гала-забавата на amfAR во спектакуларен, многу секси-аутфит.
Ева го украде шоуто, појавувајќи се во многу смела креација, која дефинитивно бараше голема самодоверба, која на оваа џебна Венера никогаш не ѝ недостасувала. Имено, таа избра целосно проѕирен црн фустан од тул, проткаен со сребрени диско-светки со различни големини, кои создаваат многу интересен ефект.
Поврзани објави
Видео: Инстаграм (@dailylongoria)
И додека во горниот дел актерката носеше црно боди под оваа интригантна тоалета, долниот дел беше целосно проѕирен, откривајќи ги нејзините исончани, затегнати нозе. Иако самиот фустан е доста експлицитен, Ева не остава вулгарен впечаток во него, туку напротив изгледа многу сензуално, иако доста сценски, што веројатно ѝ бил планот.
Фото: Инстаграм (@dailylongoria)