19
На 28.09.2024 во 13 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници го привеле Џ.С.(44) од Тетово, кој бил баран врз основа на издадена наредба од Основниот суд во Тетово и распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ -Скопје, за доиздржување на казна затвор во траење од една година и девет месеци. Лицето е спроведено во казнено поправната установа.