Почетна Балкан Приведени четири лица кои биле агресивни кон полицајци – Курир

Приведени четири лица кои биле агресивни кон полицајци – Курир

од nenad
2 минути читај за
Приведени четири лица кои биле агресивни кон полицајци

На 02.05.2024 во 17:00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле Ф.Д.(29) од с.Горно Строгомиште, кичевско, затоа што агресивно се  однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Денеска (03.05.2024) во 03:25 часот на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид го привеле лицето Б.Т.(49) од с.Црвена Вода, општина Дебрца, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

На 02.05.2024 во 11:10 часот на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги привеле Б.Ј.(53) и Ф.Ј.(32), двајцата од струшкото село Корошишта, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Извор : Kurir.mk

Приведени четири лица кои биле агресивни кон полицајци

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING