Почетна Технологија ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ УЧЕСТВУВА НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ САМИТ НА НАТО ВО ВАШИНГТОН

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ УЧЕСТВУВА НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ САМИТ НА НАТО ВО ВАШИНГТОН

од nenad
2 минути читај за




Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши престојува во Вашингтон, САД, каде што ќе учествува на Парламентарниот самит на НАТО, во рамки на Самитот на Алијансата, по повод 75-годишнината од нејзиното формирање.Самитот е во организација на Парламентарното собрание на Алијансата и ќе се одржи утре (9 јули),  а  покрај претседателот на Собранието на РСМ, поканети се и претседатели на парламенти и шефови на делегации во ПС на НАТО од сите други земји членки.За време на настанот, претседателот Гаши утре ќе има свое обраќање.

   

 

На овој самит учествува и пратеникот Миле Талески, како в.д. претседател на Делегацијата на Собранието на РСМ  во ПС на НАТО. Во текот на посетата на Вашингтон, предвидени се повеќе билатерални средби на претседателот Гаши со странски државници и високи американски претставници.Делегацијата на Претставничкиот дом на САД во ПС на НАТО е домаќин на Парламентарниот самит, на кој ќе се соберат лидери на парламенти  од 32 земји членки, како и Украина. Најавено е учество на 23 претседатели на парламенти. Овој собир на високо ниво треба да ја покаже важноста на парламентарната димензија на Алијансата и да ги нагласи ставовите на сојузничките парламенти за клучните приоритети.

Понеделник, 8 јули 2024



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING