Почетна Технологија Претседателката Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Сиљановска Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање

од nenad
1 минути читај за




Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.Претседателката Сиљановска Давкова денеска ја разреши заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING