Почетна Свет Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

од nenad
4 минути читај за

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во Берлин, во рамки на учеството на Конференцијата за обнова на Украина се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски. На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, Естонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија.

 

Во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова рече дека по Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина.

Според претседателката, неопходно е инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.

На сесијата позитивно беше оценета постоечката заедничка европска позиција дека треба да продолжи сеопфатната помош за Украина.

Претходно, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на отворањето на конференцијата, на кое свои обраќања имаа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина.


Post Views:
66

Извор : vesnik-ilinden.com

Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING