Почетна Македонија Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на Националниот сојуз на слепи

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на Националниот сојуз на слепи

од nenad
2 минути читај за




          Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација од Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија, сочинета од Жарко Селковски, претседател и Ирена Бојмалиева и Лупчо Ваневски, членови на сојузот.На средбата, претставниците на Националниот сојуз на слепи ја информираа претседателката Сиљановска Давкова за нивните тековни активности, како и за нивните идни ангажмани во насока на заштита на правата на лицата со оштетен вид и нивна инклузија во сите сегменти на македонското општество.

   

 

 

Претставниците на сојузот посочија дека обединуваат над 2600 лица со целосно или делумно оштетен вид на територијата на целата држава и истакнаа дека Националниот сојуз на слепи е член на неколку меѓународни организации, меѓу кои се Балканскиот консултативен комитет, Европскиот и Светскиот сојуз на слепи. Претседателката Сиљановска Давкова порача дека само преку тесна соработка меѓу сојузот и релевантните државни институции ќе се подигне свеста за унапредување на правата на лицата со оштетен вид. Соговорниците се согласија дека е неопходно да се подобри животниот стандард на овие лица, како и да им се олесни пристапноста до соодветно образование, здравство, култура и спорт.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING