Почетна Македонија Премиерот Мицкоски најавува нови инвестиции, проширување на постоечките и 1000 нови вработувања

Премиерот Мицкоски најавува нови инвестиции, проширување на постоечките и 1000 нови вработувања

од nenad
1 минути читај за




Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска најави дека граѓаните треба да се спремни на убави нешта бидејќи се очекуваат нови инвестиции, проширување на постоечки и нови 1000 вработувања. Периодот што следи ќе бидете сведоци на уште многу такви инвестиции. Ние уште во предизборието најавувавме дека ќе имаме неколку нови инвестиции, проширување на неколку постоечки инвестиции. Така што ќе имаме динамично лето што се однесува до носењето на инвестиции или проширување на постојните инвестиции, посочи Мицкоски и додаде: „Очекуваме неколку стотици милиони евра оваа година нови инвестиции и проширување на истите, очекуваме повеќе од 1000 нови вработувања. Треба јавноста да биде подготвена на убави нешта. Нашата цел е да ја вратиме надежта дека може да не биде, нешто кое што изминатите 7 години не постоеше“.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING