„Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Утре во Младинскиот Културен Центар – MKЦ во 21:30 часот ќе се одржи премиерата на проектот “Безвременски прикаски” во режија на Ирена Лозинска. Како што опишуваат во соопштението, „Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка.
Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти. Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за