Почетна Убавина и здравје Преживеала пекол, ја исфрлил од автомобилот и завршила на нива! – Убавина и здравје

Преживеала пекол, ја исфрлил од автомобилот и завршила на нива! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Исповед на една жена која имала пеколен љубовен состанок

Запознавањето преку социјалните мрежи е многу опасно. Може да ви се причини дека сте го пронашле човекот од вашите соништа, а да се уверите во спротивното на морничав начин. Ви ја пренесуваме во целост исповедта на една жена која имала пеколен прв љубовен состанок.

„Денешните запознавања со леснотија се одвиваат на социјалните мрежи. Така и јас сурфајќи на Инстаграм, запознав младич кој се чинеше дека има сѐ што барав во тој момент“, вака таа ја започнува својата исповед.

Убав, згоден, образован, духовит, целосно се разбирале. Нивното допишување секој ден станувало сѐ поинтересно, а со оглед на тоа што жените се вљубуваат во зборови, таа многу брзо се согласила да излезат на љубовен состанок.

„Се договоривме да одиме на вечера во еден ресторан во главниот град. На почетокот од вечерта сѐ беше совршено. Убава музика, вино и пријатна атмосфера- не можев ни да претпоставам во што ќе се претвори остатокот од вечерта.

Мојот избраник, како вистински џентлмен, ја отвори вратата од својот автомобил и со пријатна музика се упативме кон местото каде што живеам. На половина пат почна да зборува за тоа каде ќе одиме потоа и инсистираше на тоа вечерта да не заврши само со флертување и муабетење. Неговиот тон и изразот на лицето веќе не беа така слатки и љубезни.

Додека исплашено се тргав од него, ја заклучи вратата, ми се внесе во лицето и ми ја стегна раката со најпогрдните зборови дека жените не го завршуваат состанокот со него онака како што си замислиле, туку како што тој ќе каже. Ми ’ржеше со зборовите ’знаеш ли со кого си имаш работа, не сум јас некој мочко да те чекам и да те шетам за рака’. Ме стегна за вилицата и ме бакна на сила, но јас се противев, дури и го изгребав и го оттурнав.


Поврзани објави

Како што возвратив, во наредниот момент добив удар и ме исфрли од автомобилот сред нива. Човекот ме исклоца и ме исфрли на студ и на дожд, даде гас и јас останав шокирана среде пат покрај гробишта. Расплакана го зедов телефонот и викнав такси.

По 15 минути таксито пристигна. Замрзната и со расмачкана шминка влетав во него и сакав само да стигнам дома и да се соземам по трауматичната вечера.

Цела ноќ не спиев од шок. Го блокирав на сите социјални мрежи и го пријавив во полиција.

Тоа ми беше животна лекција да не се впуштам лесно во авантури со непознати и дека социјалните мрежи не се реалната слика за некого.

Затоа, драги жени, не верувајте му секому на социјалните мрежи и бидете внимателни!“

„Морав да абортирам, носев ѓавол во стомакот“: Исповед на девојка која била силувана од страна на 83-годишниот милионер

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING