Почетна Економија Првиот вицепремиер Меџити се сретна со новиот амбасадор на Франција, Ле Риголер

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со новиот амбасадор на Франција, Ле Риголер

од nenad
1 минути читај за

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска имал работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристоф Ле Риголер.

Како што информира Кабинетот на првиот вицепремиер, на средбата Меџити и Ле Риголер заклучиле дека односите меѓу двете земји се одлични, со можност за нивно продлабочување, како на билатерален, така и преку соработка со Европската Унија.

Тема на состанокот била интеграцијата во Европската Унија, користењето на ИПА-фондовите и имплементацијата на Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција, во рамки на ИПА II Програмата, до крајот на 2026 година.

-Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека Министерството за животна средина и просторно планирање има цел да воспостави систем за управување со цврст отпад и да ја подобри инфраструктурата за третман на отпадните води и дека француските компании се добредојдени да учествуваат во овој процес особено важен за нашата земја, се наведува во соопштението.

 На средбата било констатирано дека во соработка со Француската агенција за развој – ФАР се реализираат проекти на централно и локално ниво во различни општини.

хс/са/Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING