Почетна Убавина и здравје Првата дама донела шокантна одлука! – Убавина и здравје

Првата дама донела шокантна одлука! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Доналд Трамп повторно стана американски претседател, па на почетокот од годината ќе се пресели во Белата куќа, но изгледа без Меланија

Меланија Трамп сè повеќе ја изненадува светската јавност во улогата на прва дама. Само неколку дена по историскиот триумф на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, таа донела одлука за својата иднина, а како што пишува The Guardian, таа нема да биде со сопругот во Белата куќа наредниве четири години.

Имено, повеќе извори ја потврдиле информацијата дека Меланија нема да се враќа таму, туку своето време ќе го поминува помеѓу Палм Бич, Флорида и Њујорк, каде што Барон ќе оди на колеџ.

На јавноста не ѝ е јасно кому повеќе му одговара оваа одлука: на Меланија, за која е познато дека не го сакала животот во Вашингтон или на самата Бела куќа, каде што сопругата на Трамп своевремено предизвикала незадоволство, полнејќи ги салите со црвени елки и уништувајќи ги прекрасните градини со рози.

Очигледното одбивање на Меланија да се врати во Белата куќа вторпат ќе биде првиот ваков прекин на американската традиција. Ниту една друга прва дама во американска историја не одлучила да живее сама во стан на Менхетен, наместо да се врати во источното крило, каде што би имала цела послуга само за себе. Но оваа одлука не била никакво изненадување по нејзиното отсуство од годинешната кампања кое било толку впечатливо што кога се појавила на денот на изборите со преголеми очила за сонце, набрзо се прошириле бројни теории на заговор за двојничката на Меланија Трамп.


Поврзани објави

Најновите вести за тоа дека Меланија Трамп се држи подалеку од Белата куќа се рашириле по нејзиното одбивање на неделниот чај со Џил Бајден во оваа зграда. Оваа покана е дел од симболичната традиција на „смената“ помеѓу моменталната и идната прва дама и тоа се прави на секои четири години.

Меланија била присутна на традиционалното пиење чај со Мишел Обама во 2016 година, при што разговарале за воспитувањето деца во Белата куќа.

Со тоа што Меланија нема да живее во Белата куќа, Америка би можела да остане без првата дама која до скоро се чинеше дека ужива во таа улога. Постојат и многу шпекулации за тоа дали Меланија воопшто сакала нејзиниот сопруг да победи овој пат, и покрај тоа што победата и враќањето во Белата куќа ја подобриле нивната економска ситуација, како и неговите шанси да одбегне затворска казна.

Какви и да се мотивите на Меланија, јасно е дека САД ќе добие прва дама која не се грижи за традиционалните вредности и не се труди да ги исполни очекувањата околу тоа каква би требало да биде сопругата на американскиот претседател.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @ourladymelania

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING