6
Потенцирајќи ја опасноста што доаѓа од притисокот на социјалните мрежи, Рама рече дека албанската Влада ќе разговара со родителите за целосно затворање на Тикток и Снепчет на територијата на Републиката. Шефот на владата рече дека Владата ќе преземе иницијатива за консултации со родителите во сите училишта, каде во соработка со родителите ќе се донесе одлука дали да се затворат социјалните мрежи ТикТок и Снепчат или да се инсталираат филтри за контрола на пристапот на децата под 16 години на овие социјални мрежи.