Почетна Убавина и здравје Почина легендарната српска актерка Радмила Живковиќ, ја паметиме од „Зона Замфирова“ и „Госпоѓа министерка“

Почина легендарната српска актерка Радмила Живковиќ, ја паметиме од „Зона Замфирова“ и „Госпоѓа министерка“

од nenad
1 минути читај за

Легендарната српска актерка Радмила Живковиќ почина на 72-годишна возраст во Белград, потврдија од Народниот театар.

Ќерката на Радмила, Бојана Бамбиќ, исто така актерка, ја потврди веста за смртта на својата мајка и побара од медиумите да ја почитуваат приватноста на семејството во овие тешки моменти.

Радмила Живковиќ починала во болница по долго и тешко боледување.

Со текот на годините, Радмила Живковиќ постигна импресивна кариера во актерството, а публиката имаше можност да ја види во многу остварувања.


Поврзани објави

Легендарната Радмила Живковиќ ќе ја паметиме како Дока од „Зона Замфирова“, Ѓилда од „Среќни луѓе“, Ибољка од „Улицата на липите“, Јованка Љутиќ од „Пристигнуваат доларите“… Радмила оствари улоги и во филмовите „Сок од сливи“, „Посебен третман“, „Вариола вера“, „Уште овој пат“, „Збирен центар“, „Секогаш спремни жени“, „Полтрон“, „За покојникот сè најдобро“, „Ледина“

Таа се истакна како Живка во претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Јагош Марковиќ.

Како театарска актерка, Радмила Живковиќ играла во Ателје 212, Театар Теразиjе, Театар Звездара, Народен театар во Белград.

Добила бројни престижни награди, како што се наградата „Жанка Стокиќ“, Златна арена во Пула, Царицата Теодора во Ниш и други.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING