Почетна Свет Потпишан меморандум за соработка на четири општини од три држави што го делат Преспанскииот басен

Потпишан меморандум за соработка на четири општини од три држави што го делат Преспанскииот басен

од nenad
2 минути читај за

Градоначалниците на Преспа, Пустец, Девол и Ресен, односно четирите општини Македонија, Албанија и Грција,  кои го делат Преспанскиот басен, во присуство на евроамбасадорот Михалис Рокас, денеска потпишаа меморандум за разбирање и соработка, што воедно е и првиот чекор кон создавање на Европската група за територијална соработка, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната иницијатива ќе ја олесни и зајакне соработката на општините Преспа, Пустец, Девол и Ресен, со цел зачувување на животната средина и културното наследство, како и економски развој и благосостојба на жителите.

Церемонијата се одржа во Лемос, Грција, домаќин беше општина Преспа, а по потпишувањето следеше посета на локацијата каде што треба да се гради инфраструктурата за новиот граничен премин меѓу Грција и Македонија.


Post Views:
18

Извор : vesnik-ilinden.com

Потпишан меморандум за соработка на четири општини од три држави што го делат Преспанскииот басен

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING