Почетна Економија Поскапени поштенските и курирските услуги

Поскапени поштенските и курирските услуги

од nenad
1 минути читај за

Цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечjе од годинава пораснале за 3,8 проценти во споредба со првото тримесечје од 2023 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

 Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво.

Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3,8 проценти.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пад од 0,7 проценти во одделот Телекомуникации. лв/бак/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING