Почетна Убавина и здравје Посетете ја Европа! – Убавина и здравје

Посетете ја Европа! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Направивме мало истражување и во продолжение ви нудиме неколку препораки која дестинација да ја посетите, согласно вашите патувачки преференции.

Кога станува збор за патувањата, сите ние сме многу различни. Додека некој размислува за семеен одмор и локација совршена за одмор и релаксација, друг сака да се забавува, а трет да ужива во одличната храна.

Направивме мало истражување и во продолжение ви нудиме неколку препораки која дестинација да ја посетите, согласно вашите патувачки преференции:

1. Каде e најдобрата храна?

  • Хрватска – само помислете на вкусната, свежа риба, која што се служи по крајбрежните ресторани,
  • Италија – одлично кафе, тестенини и чаша вино,
  • Белгија – утринските часови започнете ги со вафли обложени со чоколадо и кроасани, а потоа продолжете со добро пиво и помфрит за ручек.

2. Каде би биле најсреќни доколку сте велосипедисти?

  • Ирска – и покрај можните врнежи од дожд, Ирска е земја идеална за сите видови на велосипедизам
  • Француските Алпи – идеални ако сакате да искусите дел од патеката на Тур де Франс, но не заборавајте дека за тоа треба да сте добро подготвени,
  • Прованса – сè што велосипедистот сака: добри временски услови, прекрасни пејзажи и празни патишта.

3. Каде се наоѓаат најдобрите забавни паркови?

Поврзани објави

  • Disneyland, Париз – сите, и млади и стари, имаат можност да се дружат со ликовите од популарните цртани филмови и да уживаат во ден исполнет со забава,
  • Europark, Германија – одлична забава за целото семејство и локација каде што можете да го пробате најстрмниот тобоган во Европа,
  • Efteling, Холандија – алтернатива на Дизниленд, паркот на фантазијата во кој ќе најдете бајковидна шума.

4. За сите љубители на историјата:

  • Рим – веројатно нема потреба од вовед, како што историчарите велат, Рим треба само да се види во живо,
  • Атина – Старите Грци, колевка на цивилизацијата, многу древни локалитети – сонот на секој љубител на историјата.
  • Прага – град како од бајка, готска убавина и средновековен шарм, правата историја се рефлектира преку прекрасната архитектура и прекрасните улици.

5. Каде се најубавите национални паркови?

  • Dartmoor, Англија – пејзаж полн со осамени мочуришта, гранитни ридови и мистериозни камени кругови,
  • Plitvice, Хрватска – 16 прекрасни езера, 50 милји патеки низ водопади, парк што навистина вреди да се посети,
  • Abruzzo, Италија – планинска дивина, дом на загрозената Апенинска кафеава мечка, див рис, Апенинските волци и кралските орли.

Која и дестинација да ја посетите, бидете безгрижни и сигурни и обезбедете си полиса за здравствено – патничко осигурување од Триглав.

Склучeте онлајн на https://e-osiguruvanje.triglav.mk/patnicko-osiguruvanje.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING