Пирс Броснан важеше за најголем фраер, но сега се запустил, пуштил седа коса и брада, а облекол и неспојлива комбинација на облека
Пирс Броснан, еден од најславните холивудски актери, важеше за икона на стилот и шармот. Но сега бил виден на фестивал во Хајд Парк во комплетно поинакво издание.
Неговото сегашно издание е далеку од неговиот некогашен беспрекорен изглед. Седите перчиња коса и неуредната коса, во комбинација со нескладните слоеви облека, направиле да изгледа запустено. Многу обожаватели се изненадиле од оваа промена, прашувајќи се како дошло до оваа трансформација.
Поврзани објави
И покрај шпекулациите за неговиот изглед, Пирс Броснан уште еднаш докажал зошто важи за еден од омилените актери на сите времиња. На фестивалот во Хајд Парк во Лондон, Броснан повторно ги воодушевил обожавателите и докажал дека изгледот не е важен. На 71 година, неговата виталност и младешкиот дух се очигледни, и покрај тоа што пуштил седа брада и се облекол малку неугледно.
Неговата насмевка и енергија биле заразни, што привлекло многу погледи и комплименти. За многу дами, Броснан сè уште е симбол на мажественост и привлечност, а неговата младешка градба што ја покажал сега на фестивалот, само дополнително ја потврдила таа репутација.
Претходно се соочувал со негативни коментари на сметка на изгледот на неговата сопруга. Но и покрај тоа што нејзините килограми не се идеални, таа е идеалната жена за него. Прекрасна, шармантна и харизматична, таа е неговата најсакана и тој ја сака токму таква каква што е.