Разводот на српската пејачка Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ со месеци е главна тема во медиумите.
Откако објавија дека официјално ги потпишале документите, многу се шпекулира како сега ќе изгледа животот на најпознатиот пар во Србија.
Додека Јелена настапува и работи со полно работно време, поранешниот фудбалер по завршувањето на професионалната кариера поголемиот дел од времето го поминува во Белград, но очигледно развива и други бизниси.
Поврзани објави
Во прилог на ова зборува и неговата последна објава на социјалните мрежи. Тошиќ преку својот Инстаграм ги извести своите следбеници дека отворил луксузен ресторан во елитна населба во која живеат голем број јавни личности.
Како што пренесуваат српските медиуми, во ресторанот темните нијанси доминираат, а се е направено во стилот на најскапите италијански ресторани.
Фото: Инстаграм Принтскрин @duskotosic https://www.instagram.com/duskotosic/