Почетна Убавина и здравје Поранешен готвач на кралицата Елизабета открил трик за совршен вкус – Убавина и здравје

Поранешен готвач на кралицата Елизабета открил трик за совршен вкус – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Некогашниот готвач на кралицата Елизабета Втора открил како да го искористиме целиот потенцијал на колбасите

Познат готвач открил дека цело време погрешно сме ги приготвувале колбасите и ги споделил своите стручни совети за да го усовршиме овој процес.

Без разлика дали станува збор за комплетен англиски појадок, со пире или со гулаш, колбасите им се омиленото јадење на многумина, и тоа со причина – вкусни се и релативно едноставни за приготвување.

Повеќето луѓе само ги вадат од пакувањето и ги ставаат во тавче. Но Џеф Бејкер, кој некогаш готвел за кралицата Елизабета Втора, открил дека повеќето луѓе прават три чести грешки при готвењето колбаси. Овој награден готвач со Мишелинска ѕвезда го открил за „Мирор“ својот метод за совршено приготвени колбаси, во пет едноставни чекори…

Како правилно да приготвите колбаси?

Оставете ги колбасите да отстојат 20 минути пред готвењето

Немојте веднаш да ги вадите од фрижидер и да ги ставате во тавче. Наместо тоа, оставете ги да отстојат 20 минути, што ќе им помогне на колбасите рамномерно да се зготват и ќе го спречи пукањето на кожата кога ќе дојдат во контакт со топлото тавче.

Ставете ги колбасите во тавче

Користете тешко нелепливо тавче и ставете го на ниска до средна температура. Ова ќе ја спречи кожата да се залепи за тавчето и да испука колбасот.

Додајте лажиче пајкина или гускина маст во тавчето

Користејќи пајкина или гускина маст, ќе го извлечете најдобриот вкус од вашите колбаси. Вртете ја маста додека дното на тавчето комплетно биде премачкано, а потоа отстранете го вишокот маст.


Поврзани објави

Држете ги колбасите одвоени и одржувајте изедначена температура

Редовно вртете ги за да добиете богата, златна боја.

Оставете ги колбасите да отстојат пред да ги послужите

Правилно зготвените колбаси треба да имаат температура од 70 степени Целзиусови и да бидат цврсти на допир. Иако тоа може да биде предизвик, трикот е во тоа колбасот да отстои неколку минути. Како што ги оставате шницлите да отстојат за да се опушти месото, истото направете го и со колбасот, за да добиете сочни и меки колбаси.

Вообичаени грешки што луѓето ги прават при готвењето колбаси

Ја продупчуваат кожата на квалитетните (поскапи) колбаси

Немојте да го правите тоа! Можеби сте навикнати да го правите тоа кај стандардните колбаси, но кога готвите висококвалитетни колбаси со висока содржина на месо и природна кожа, одбегнувајте да ја продупчувате кожата. Тоа може да доведе до истекување на соковите, што резултира со сув и безвкусен колбас.

Ги пржат во длабоко масло

Фритезите се одлични, но обидете се да ги готвите колбасите во тавче ако тоа е возможно. Користењето фритези може да ја стврдне кожата и да го исуши колбасот.

Немојте да очекувате исти резултати ако ги печете колбасите

Иако е поздраво, печените колбаси немаат ист вкус како испржените во тавче. Печењето ја спречува надворешноста на колбасот да го развие оној вкус што сите го сакаме.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING