Почетна Македонија Полицијата ги растера пропалестинските демонстранти од Сорбона

Полицијата ги растера пропалестинските демонстранти од Сорбона

од nenad
1 минути читај за




Неколку дена по пропалестинските демонстрации на престижниот француски универзитет Сијанс По во Париз, полицијата изврши рација на друг познат универзитет, Сорбона, и ги растера пропалестинските активисти кои поставија шатори во зградите и дворот.

   

Околу 50 демонстранти беа спроведени надвор од Сорбона во Латинскиот кварт, а потоа отстранети под полициска придружба, јавија локалните медиуми. Полицијата соопшти дека се работело за операција која траела само „неколку минути“ и оти била спроведена „мирно и без инциденти“.

Францускиот премиер Габриел Атал рече дека „внимателно ја следи ситуацијата“ и побара Сорбона брзо да се евакуира, како што побара и за Универзитетот во Сијанс По во петокот. Претставници на управата на Универзитетот изјавиле дека Сорбона по наредба на ректоратот ќе биде затворена попладнево и оти амфитеатрите биле евакуирани околу пладне



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING