Актерот Сергеј Трифуновиќ е уапсен на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија во Хрватска. Во оваа прилика се огласи и неговата сопруга Исидора Мијановиќ која тврди дека Сергеј бил физички малтретиран.
„Синоќа околу полноќ мојот сопруг беше приведен на граничниот премин Бајаково, откако истече забраната за влез на територијата на ЕУ, без никакво објаснување, со големи непријатности на кои бев сведок, вклучително и физички напад од страна на гранични полицајци. Го однесоа во непознат правец и повеќе од 9 часа немам никакви информации за тоа каде се наоѓа, ниту причината за неговото апсење“, напишала неговата сопруга Исидора на Инстаграм.
Поврзани објави
Актерот беше уапсен околу полноќ, а во текот на денот ќе биде изведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, каде го чека ново судење. Слободна Далмација наведува дека Трифуновиќ очигледно не го вратил долгот кон Хрватска, откако беше уапсен за своето куче во септември минатата година во Сплит. Граѓаните потоа го пријавиле бидејќи на плажата Каштелет го чувал своето куче без надзор, што вознемирило некои присутни.
Фото: Инстаграм Принтскрин @whistler_dick