Почетна Економија „Политико“: Украина и Молдавија најверојатно во јуни ќе ги почнат преговорите за членство во ЕУ

„Политико“: Украина и Молдавија најверојатно во јуни ќе ги почнат преговорите за членство во ЕУ

од nenad
1 минути читај за

– Целта на Европска Унија е да ги почне официјалните преговори за членство со Украина и Молдавија на Самитот на Европски совет што се одржува на 25 јуни, објави „Политико“ повикувајќи се на неименувани дипломати.

Преговорите со Украина и Молдавија беа најавени во декември, но правниот чекор за отпочнување на истите беше пролонгиран повеќе месеци поради стравувањето дека Унгарија би можела да се спротивстави, како и проширување на ЕУ да не биде главна тема на претстојните избори за Европски парламент.

Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната.

– на Киев со Европа беше изговор за рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ја врати Украина во руската орбита, па патот на земјата кон членството во ЕУ изгледа како поетска правда, наведува „Политико“.

Главната пречка на патот на евроинтеграциите на Киев и натаму е Унгарија, која е против членството на Украина во ЕУ.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING