„Таткото на моите деца претчувствуваше дека ќе најдам некој помлад“, објасни таа.
Британската актерка Тилда Свинтон е единствена по многу нешта – од нејзиниот изглед и впечатливиот моден стил до нејзиното неконвенционално разбирање на љубовниот живот.
Имено, на времето живеела со – двајца мажи. Едниот бил нејзиниот невенчан сопруг, сликар и писател Џон Бирн, две децении постар од неа, а другиот, 18 години помладиот уметник Сандро Коп, кого го запознала на снимањето на филмот „Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и орманот“.
Ексцентричната актерка му рекла на својот сопруг дека се заљубила и го вселила својот млад љубовник во нивниот дом.
Сето тоа е многу досадно. Јас и таткото на моите деца сме многу добри пријатели, а сега сум среќна во врска со друг. И сите сме пријатели. Животот не мора да биде комплициран. Важно е да имате сочувство и да не се обвинувате себеси кога работите се комплицираат.
Поврзани објави
Џон остана со нас заради нашите деца, но сега децата пораснаа, па веќе не живееме заедно, но навистина не гледам зошто медиумите се шокирани од таквиот начин на живот“, изјави еднаш Свинтон.
Љубовниот триаголник на Тилда Свинтон не траеше вечно – кога нивните деца, близнаците Онор и Ксавиер пораснаа, Џон се иселил.
Тој знаеше дека има голема разлика меѓу нас. Џон е многу постар од мене и претчувствуваше дека еден ден ќе најдам некој помлад“, додаде неконвенционалната ѕвезда.
Фото: Инстаграм